logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ ИМА РАСТ ОД 17,5% ВО БРОЈОТ НА СОВЕТНИЦИ, СДСМ ИМА ПАД ОД 42% – освоени над 550 советнички места низ државата

Vecer | 23.10.2025

ВМРО-ДПМНЕ ИМА РАСТ ОД 17,5% ВО БРОЈОТ НА СОВЕТНИЦИ, СДСМ ИМА ПАД ОД 42%  – освоени над 550 советнички места низ државата

Со вкупно 550 освоени советнички места во општините низ државата и градот Скопје, како и над 300 илјади гласови, ВМРО-ДПМНЕ ја потврди својата водечка позиција на политичката сцена. Според податоците од партијата, ова претставува раст од 82 советнички места во однос на претходните избори, што е зголемување од 17,5 проценти.

Од друга страна, опозициската коалиција предводена од СДСМ освои околу 230 советнички мандати, што е 166 помалку во споредба со минатите локални избори, односно намалување од 42 проценти. Во однос на бројот на гласови, СДСМ забележува пад од околу 111 илјади гласа, со освоени приближно 126 илјади гласачи.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека резултатите се одраз на видливите проекти реализирани во општините под нивно раководство – новоизградени градинки, училишта, здравствени домови, пазари, атмосферска и фекална канализација, како и програми за субвенционирање на инвертер клими, велосипеди и електрични тротинети, како и финансиска поддршка за социјално ранливите категории.

„Овие резултати се доказ дека сме на вистинскиот пат и дека граѓаните ја препознаваат нашата работа и посветеност,“ велат од ВМРО-ДПМНЕ, нагласувајќи дека изборите претставуваат стимул за продолжување на започнатите политики.

Партијата ги повика граѓаните на 2 ноември повторно масовно да излезат на гласање и да го дадат својот глас „за бројот 9 – вистинскиот избор, со твојот човек, за твоето место и за твојата иднина“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk