logo
logo
logo

Димитров за надворешната политика: Предупредувал на последиците од промената на преговарачката тактика

Vecer | 19.06.2025

Димитров за надворешната политика: Предупредувал на последиците од промената на преговарачката тактика

На заминување од Владата, Никола Димитров, поранешен министер за надворешни работи, откри дека прв јавно предупредил какви ќе бидат последиците доколку се напушти принципот „ништо не е договорено додека сè не е договорено“. Тој смета дека напуштањето на оваа т.н. „салама“ тактика ќе доведе до ситуација во која, постепено, ќе се надминат сите црвени линии и ќе добиеме неприфатливо или невозможно решение на масата – всушност, нерешение.

„Овој став го имав уште додека бев член на Владата, а и по моето повлекување, и денес стојам зад него. Критичарите често ја толкуваа мојата јавно изнесена критика како амбиција за позиција, тврдејќи дека веднаш штом ја изгубив функцијата започнав со критики. Истите тие лица, ден претходно, ми нудеа да бидам амбасадор во Вашингтон, или, доколку не, да изберам друга земја – сè со цел да ме замолчат,“ изјави Димитров.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk