По повеќе од три децении очекување, конечно започнува реализацијата на еден од најзначајните инфраструктурни проекти во овој регион (Скопска Црна Гора), приклучување на селата Љубанци и Љуботен на градскиот водоводен систем.
-Проектот, вреден 2 милиони евра, се реализира со финансиска поддршка од Владата додека Општина Бутел ја обезбеди комплетната проектна документација, во вредност од 70 илјади евра.
Со овој капитален зафат се решава децениски проблем со водоснабдувањето и се создаваат предуслови за рамномерен локален развој, подобар квалитет на живот и поголема доверба на граѓаните во институциите. Ова не е само инфраструктурен проект, ова е симбол на посветеност, одговорно управување и вистинска грижа за граѓаните, објави премиерот Христијан Мицкоски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата