logo
logo
logo

ПОНИШТЕНИ СЕ 8 СПОРНИ ДИПЛОМИ НА ФИЛОЗОФСКИ И 2 НА СЛАВЈАНСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ

Vecer | 04.05.2026

ПОНИШТЕНИ СЕ 8 СПОРНИ ДИПЛОМИ НА ФИЛОЗОФСКИ И 2 НА СЛАВЈАНСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска изјави дека случајот на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје и уште еден случај на Славјанскиот универзитет се пријавени во Јавното обвинителство.

– На Филозофскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје поништуваме осум дипломи на веќе поништени осум уписи и денеска тоа ќе излезе во весниците и на веб -траницата на Министерството за образование и наука. Станува збор за 17 студенти, од кои некои се запишани на втор циклус и завршиле. Ова се тие 8, а другите продолжиле на трет циклус. Едно уверение не е поништено од страна на Факултетот и тој е задолжен да го поништи. Откако ќе постапи Факултетот, ние ќе ги поништиме и уверенијата на сите овие осум студенти. Тоа е првото нешто, значи МОН постапува по закон и не прави разлика дали се приватни и јавни универзитети. Секаде каде што ќе забележиме неправилност, ние постапуваме – рече Јаневска.

Министерката посочи дека втората неправилност, која е констатирана, е веќе објавена, на Славјанскиот универзитет се поништени 2дипломи на еден студент, кој во исто време студирал додипломски и постдипломски и постои сериозно сомнение за фалсификат и на двете дипломи.

– Случаите од Филозофскиот факултет на УКИМ и од Славјанскиот универзитет се пријавени во Јавното обвинителство. Дефинитивно, Јавното обвинителство ќе утврди понатаму во своите ингеренции како треба да ја води постапката – додаде Јаневска одговарајќи на новинарско прашање по доделувањето на државната награда „Гоце Делчев“ за остварувања во науката.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk