logo
logo
logo

Свечена академија по повод Денот на Советот на македонското национално малцинство во Србија

Vecer | 13.12.2025

Свечена академија по повод Денот на Советот на македонското национално малцинство во Србија

– Националниот совет на македонското национално малцинство во Република Србија денеска ќе одржи Свечена академија по повод одбележувањето на Денот на Советот, како и јубилејот — 10 години од воведувањето на изборниот предмет „Македонски јазик со елементи на национална култура“ во основните училишта во Лесковац и околината.

Свеченоста ќе се одржи во Лесковачкиот културен центар. Ќе настапат учениците кои го изучуваат предметот „Македонски јазик со елементи на национална култура“, кои ќе се претстават со музички, рецитаторски и сценски изведби подготвени специјално за овој значаен јубилеј.

Свечената академија, како што поосчуваат организторите, е дел од активностите за поголема видливост на работата на Советот и на македонската заедница, како добар пример за почитување на малцинските права и зачувувањето на македонскиот национален идентитет посебно кај најмладите припадници на македонската заедница во Србија.

На настанат се очекува да присуствуваат и претставници на македонската Влада.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk