Ексградоначалникот на Општина Карпош и поранешен директор на Царина, Стефан Богоев, заедно со уште три други лица се приведени како осомничени за крупен корупциски скандал.
Неофицијално, се работи за тендер за чистење и тековно одржување на граничните премини и терминалите од 2023 година тежок 20 милиони денари.
Приведените се на распит во полициска станица, а акцијата засега ја потврдија од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, како и од Управата за финансиска полиција, но без дополнителни детали.
Деталите за овој предмет ќе бидат соопштени во текот на утрешниот ден.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата