logo
logo
logo

Наскоро ќе пристигнат и Страјкерите, одбранбените капацитети се зајакнуваат, нови 29 возила JLTV за АРМ

Vecer | 15.08.2025

Наскоро ќе пристигнат и Страјкерите, одбранбените капацитети се зајакнуваат, нови 29 возила JLTV за АРМ

Нови 29 лесни оклопни возила JLTV за македонската Армија денеска беа презентирани во штипската касарна „Јане Сандански“. Испораката на возила е според договорот за соработка со САД.

Министерот за одбрана Владо Мисајловски на презентацијата истакна дека врз основ на тридецениската соработка со стратешкиот партнер САД и програмите кои се вршат за набавка на модерзација на македонската армија, бројот на оклопни возила се зголеми речиси за двојно.

-Нашите одбранбени капацитети продолжуваат да се зголемуваат и зајакнуваат. Со оваа нова достава се приближуваме до потребниот број на возила. Дополнително, очекуваме во скоро време да ни пристигнат и дел од оклопните возила Страјкер кои се од американско производство. Возилата кои денеска ги гледаме се предвидени за лесната пешадиска баталјонска група која ќе биде подготвена за патувања и мисии во случај на потреба, истакна Мисајловски.

Од вкупно предвидените 96 возила, досега се пристигнати 67, додека останатите се очекуваат до крајот на годината.

Министерот потсети дека минатиот декември Владата потпиша седум нови договори со САД за проекти кои се во процес на реализација, а се однесуваат за набавка и опрема на специјалните сили, набавка на беспилотни системи, опрема за сајбер заштита, лесно пешадиско вооружување…

-Сето ова е јасен доказ дека сме активно посветени на модернизацијата и опремувањето на Армијата, нагласи Мисајловски.

На денешниот настан присуствуваа и премиерот Христијан Мицкоски, генерал – мајор Сашко Лафчиски и амбасадорката на САД, Анџела Агелер.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk