logo
logo
logo

Муцунски на проштална средба со амбасадорката на САД, Ангела Агелер

„Благодарност за јакнењето на стратешкото партнерство и одличните билатерални односи за време на нејзиниот мандат“

Vecer | 12.01.2026

„Благодарност за јакнењето на стратешкото партнерство и одличните билатерални односи за време на нејзиниот мандат“

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Ангела Агелер.

Изразив благодарност за нејзиниот севкупен ангажман и значајниот придонес во унапредувањето на политичката и економската соработка, како и за јакнењето на стратешкото партнерство и одличните билатерални односи меѓу двете земји за време на нејзиниот мандат, објави Муцунски.

На средбата изразивме заемно задоволство од континуитетот на политичкиот дијалог на високо ниво и од развојот на соработката во сите области од заемен интерес.

Муцунски потенцира дека размениле мислења за актуелните геополитички случувања и безбедносни предизвици, при што ја потврдивме заедничката посветеност на стабилноста на Западен Балкан и силното сојузништво во рамките на НАТО.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk