logo
logo
logo

Димитриевски ги повика младите: НЕ СМЕАТ ДА ГЛЕДААТ, МОРА ДА ДЕЛУВААТ

Vecer | 31.08.2025

Димитриевски ги повика младите: НЕ СМЕАТ ДА ГЛЕДААТ, МОРА ДА ДЕЛУВААТ

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски беше гостин во интервјуто за новиот канал на младите на ЗНАМ, кое се одржа во рамки на летниот камп за млади во Струга.

Тој ја потенцираше клучната улога на младите во политичките процеси, нивната способност да внесат свежа енергија, креативност и визија, како и важноста на нивното активно учество во обликувањето на иднината на Македонија.

– Наша цел е да ги споделиме нашите искуства и да ги направиме младите одважни. Младите мора да бидат двигател на одлуките во нашата политичка партија – рече Димитриевски, додавајќи дека секоја иницијатива и промена мора да произлегува од младите, бидејќи токму тие носат нови идеи и енергија која ја движи државата напред.

Тој ги повика младите да бидат истрајни, храбри и подготвени да преземат одговорност: „Фасциниран сум од бројката на млади кои се заинтересирани да ни се придружат и да ги споделат своите идеи и ставови со нас. Иднината на државата не може да ја креира никој ако не се тие млади луѓе. Тие се иднината на Македонија.“

Претседателот на ЗНАМ потенцираше дека младите мора да бидат иновативни, креативни и активно вклучени во политичкиот живот.

– ЗНАМ има за цел да креира нови лица, визионери и вистински интелектуалци. Токму младите се најголемиот капитал на државата и тие не смеат да бидат набљудувачи, туку креатори на политиката и иднината на Македонија – заклучи Димитриевски.

Движењето ЗНАМ ги повикува сите млади да се приклучат, да ја обликуваат иднината и да ја градат Македонија која сите ја заслужуваме.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk