logo
logo
logo

„Економијата не е лоша заради немање уставни измени, ТУКУ ОД НЕСПОСОБНАТА ВЛАСТ“

Vecer | 26.09.2023

„Економијата не е лоша заради немање уставни измени, ТУКУ ОД НЕСПОСОБНАТА ВЛАСТ“

„Во Македонија скоро две години се зборува само на тема уставни измени додека економијата е во доста лоша ситуација. Во меѓувреме ни се случи „Бехтел и Енка“, 250 милиони евра народни пари се за ништо потрошени. Четири пати го отпочнуваат, а не е започнат де факто“, истакна Дафина Стојаноска, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во утринската емисија на Алфа телевизија.

Стојаноска рече дека и во меѓувреме се уште нема ребаланс, а нема веќе ниту време за истиот.

„Во меѓувреме немаме ребаланс, веќе и нема време за ребаланс. Сега има прераспределба на средства, нешто што нормални држави во нормални услови го прават во декември месец, а не во септември. Во септември е краен рок за ребаланс“, нагласи пратеничката Стојаноска.

„Знаете зошто на тоа не пријдоа? Затоа што ребалансот 20 дена се случува. Затоа што тука ќе имаше транспарентност. А, со прераспределба претпоставувам сакаат набрзина да го поминат тоа. Но, сепак тоа ќе зависи и од пратениците на опозицијата“, укажа таа.

Стојаноска додаде дека економијата во државата не зависи од уставни измени и од ЕК, туку зависи од неспособната власт.

„Гледате што сторија со трите закони за даночни реформи? Сиот бизнис во Македонија е дигнат на нозе. Пензионерите се на улици“, потсети Стојаноска.

Таа запраша по кој пат учебната година започнува без учебници.

„Учебната година започнува без учебници во 2023-та година. Каде го има тоа“, нагласи Стојаноска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk