logo
logo
logo

Шиповиќ: Партијата ни ја украдоа

КРИМИНАЛЦИ ЗАГУБАРИ ГО ПРЕЗЕДОА СДСМ

Vecer | 25.12.2025

КРИМИНАЛЦИ ЗАГУБАРИ ГО ПРЕЗЕДОА СДСМ

Мирослав Шиповиќ, член на СДСМ и поранешен претседател на Советот на Општина Центар во 2013 година во периодот кога Андреј Жерновски бил градоначалник, јавно реагираше на состојбите во сениорскиот дел на Извршниот одбор на партијата.

Во својот статус тој изрази незадоволство од однесувањето на дел од раководството, кое според него, наместо чесна работа и визија, се фокусирало на лични интереси и позиции.

„Длабоко потресен и емотивно вознемирен од сениорскиот дел на ИО партија. Сè мој до мојега, загубар до загубар. Еден нема што чесно работел за партијата и има чесни намери. А ги има барем половина што се омрсиле кога биле на власт. Само ги интересира да се први на листа на следните парламентарни, јер еден влегува сигурно. Најголем бранител онаа несреќа од бивш …… претседател, и после Српче ја продал, абе овие ја УКРАДОА од нас партијата – банда криминалци“, објави Шиповиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk