logo
logo
logo

За 10-тина дена и ТЕНДЕР ЗА ИЗВЕДУВАЧ: Објавен тендер за надзор на изградбата на третата фаза од пругата кон Бугарија

Vecer | 23.04.2026

За 10-тина дена и ТЕНДЕР ЗА ИЗВЕДУВАЧ: Објавен тендер за надзор на изградбата на третата фаза од пругата кон Бугарија

Објавен е тендерот за избор на надзор за третата фаза од пругата кон Бугарија, а за 10-ина дена треба да биде објавен и тендерот за избор на изведувач, со што во текот на летото ќе почнат работите на терен – изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски пред состанокот за активностите и плановите за проектите на Коридорот 8, кој се одржува во соработка со претставници на Делегацијата на Европската унија во Скопје.

Николоски најави дека на состанокот ќе се разговара и за западното железничко крило на Коридорот 8, како и за проектите за изградба на патните делници на овој Коридор кои, потенцираше, се одвиваат добро.

Изградбата на железничкиот и патниот дел од Коридорт 8 ќе чини 5 милијарди евра. Државата покажува дека може да спроведува големи инфраструктурни проекти – рече Николоски.

Бен Нупнау од Делегацијата на ЕУ посочи дека Коридорот 8 е стратешки проект со придобивки за граѓаните и државите истакнувајќи го неговото безбедносно значење во услови на геополитичка криза.

Состанокот е потврда за заложбата на Владата за спроведување на проектите од Коридотот 8 – посочи Нупнау.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk