Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки, по повод 36-тиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ кој се одбележува денес во Струмица под мотото ,,Македонија забрзува, наша обврска”, во изјава за Сител телевизија, посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е мостот помеѓу историското ВМРО и современите македонски институции. Тој кажа дека европската интеграција останува приоритет, но мора да се брани македонската вистина. Ковачки истакна дека ќе се пристапи кон рационално решение, а и дека во последниот период има засилена дипломатска активност.
– ВМРО-ДПМНЕ претставува мост помеѓу историското ВМРО и модерната македонска држава. ВМРО-ДПМНЕ претставува спој на историските идеали на македонските револуционери и илинденци и современите македонски институции – рече Ковачки.
Според него, 36 години постоење на ВМРО-ДПМНЕ не треба да се гледа само низ партиско-историска призма, туку како што вели, ВМРО е најзначаен фактор за македонскиот државотворен континуитет. Тој вели дека денес, на посебен начин ВМРО-ДПМНЕ се заблагодарува на граѓаните на Струмица, затоа што Струмица на последните локални избори беше вратена во рацете на граѓаните. Ковачки истакна и дека евроинтегративниот процес останува приоритет на ВМРО-ДПМНЕ, а посочи и дека во изминатите месеци има засилена дипломатска активност, со оглед на тоа што, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, имаше средби со европски претставници, а и преку ЕПП се презентираат ставовите и се брани македонската вистина.
– Ние Македонците имаме историска вертикала. Не сме дрво без корен. ВМРО-ДПМНЕ во самите основачки документи, е евроатлантски интегрирана. Ние мора да менаџираме, потребна е мудрост, потребно е достоинство, како ќе се менаџираат состојбите, во делот со евроинтеграциите. Дефинитвно сме определени за евроинтегративниот пат и изминатите два месеци повеќе можете да видете засилена дипломатска активност – рече тој и додаде:
– Ги презентираме нашите ставови и ја браниме македонската вистина. Наидуваме на разбирање кај нашите европријатели. Јас верувам дека многу брзо од денес, ќе се пристапи кон едно рационално решение од страна на Бугарија. Очекувам дека на овој спор треба да се пријде со една добра волја, со бон афиде пристап, за да може Македонија да напредува кон евоинтегративниот пат”.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата