logo
logo
logo

ЕДНА ДЕЦЕНИЈА ОД „ДИВО НАСЕЉЕ“, загинаа осум припадници на безбедносните сили

Vecer | 09.05.2025

ЕДНА ДЕЦЕНИЈА ОД „ДИВО НАСЕЉЕ“, загинаа осум припадници на безбедносните сили

 Денеска се навршува деценија од оружената престрелка во кумановско „Диво насеље“.

На 9 и 10 мај 2015 загинаа осум припадници на безбедносните сили.

Во 28-часовните престрелки, животот го загубија припадниците на безбедносните сили – Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ, кои посмртно се одликувани со медали за храброст.

Во престрелката имаше и 37 повредени припадници на безбедносните сили.

Во чест на загинатите во кругот на СВР Куманово беше откриена спомен-плоча.

Полициските службеници кои го положија животот во антитерористичката акција во „Диво насеље“ во Куманово на 9 и 10 мај 2015 година, добија и мурал „Хероите живеат вечно“ во централното подрачје на Куманово.

Куманово два дена живееше во страв кога во густо населената населба „Тоде Мендол“ популарна во градот како „Диво насеље“ се слушаа престрелки со различен интензитет.

Населбата целосно беше изолирана од припадниците на безбедносните сили, жителите се евакуираа, хеликоптери надлетуваа.

Граѓаните на Куманово, порачуваат никогаш да не се повтори „Диво насеље“, а исклучително трагичниот настан засекогаш ќе остане во сеќавање на кумановци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk