logo
logo
logo

СПЕЦИЈАЛНО УКРАСЕН НОВОГОДИШЕН ВОЗ ТРГНУВА НА ПРАЗНИЧНО ПАТУВАЊЕ на релација Скопје – Маџари – Скопје

Vecer | 25.12.2025

СПЕЦИЈАЛНО УКРАСЕН НОВОГОДИШЕН ВОЗ ТРГНУВА НА ПРАЗНИЧНО ПАТУВАЊЕ на релација Скопје – Маџари – Скопје

Железници на Северна Македонија како општествено одговорна компанија, информира дека за првпат оваа година се вклучува во празничните случувања во пресрет на новогодишните празници, со воведување на специјално украсен новогодишен воз.

‒ Празничната магија на шините продолжува! Ве известуваме дека до 30 декември, секој ден на железничката станица во Скопје, Ве очекуваат новогодишни претстави, по чие завршување новогодишниот воз тргнува на празнично патување на релација Скопје – Маџари – Скопје, стои во соопштението на Железници.

Оттаму додаваат дека за сите оние кои сакаат само уживање во возењето и празничната атмосфера, обезбедиле и дополнително само возење во 18 часот, на истата релација, и ги повикуваат сите да бидат дел од оваа новогодишна бајка и на незаборавно доживување за целото семејство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk