logo
logo
logo

Ова се ДЕСЕТ ЛОКАЦИИ И ОПШТИНИ КАДЕ ЛИДЛ ЌЕ ОТВАРА СВОИ МАРКЕТИ

Vecer | 05.04.2025

Ова се ДЕСЕТ ЛОКАЦИИ И ОПШТИНИ КАДЕ ЛИДЛ ЌЕ ОТВАРА СВОИ МАРКЕТИ

Малопродажниот синџир Лидл, дел од германската групација Шварц, наскоро ќе започне со работа во Македонија.

Покрај купувањето земјиште за изградба на продавници, на огласите за вработување постојано се бараат лица кои би се вработиле во логистички центар, најверојатно во Куманово и во продавниците што би се отвориле во повеќе градови низ државата.

Лидл во Скопје започна со подготовки за градежни активности на местото на некогашниот Бриколаж. За таа цел Лидл го купи имотот од 16 000 метри квадратни и ќе инвестира вкупно 14 милиони евра во изградба на маркет. Градежните работи се очекува да започнат летово.

Ова е продолжение на плановите за проширување на Лидл во Македонија.

Покрај Куманово, Кавадарци, Битола и Гази Баба, ЛИДЛ официјално купил парцели во Тетово и Кичево. Маркетот во Велес е седми од најавените маркети на ЛИДЛ во Македонија.

Освен планираните два маркети во Штип, ЛИДЛ купи уште 5 парцели во државата. Германскиот синџир на супермаркети ЛИДЛ според информациите на телевизија Стар, купиле по една парцела во Струмица, Гостивар, две во Охрид и една во скопска Кисела Вода.

Како што пренесуваат локалните медиуми, „Лидл“ планира да отвори три супермаркети во Куманово.

Компанијата побарала изработка на нов детален урбанистички план и поднела нацрт плански проекти за три супермаркети, пренесува „Куманово њуз“. Еден од супермаркетите ќе се наоѓа во близина на новата автобуската станица во Куманово.

Во јануари годинава „Лидл“ започна со изградба на логистички центар во вредност од 80 милиони евра во близина на Куманово. Центарот ќе се протега на површина од 63.000 квадратни метри и ќе таму ќе се создадат над 150 нови работни места.

Освен во Македонија, Лидл во следните неколку години се очекува да ги отвори своите први продавници и во Босна и Херцеговина, пишуваат медиумите.

Лидл е дел од Schwarz Group која е една од водечките компании во малопродажната индустрија на храна во Германија и Европа. Лидл моментално работи со над 12 350 маркети и повеќе од 220 логистички центри и магацини во 31 земја. Во Лидл има околу 375 000 вработени на меѓународно ниво.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk