Директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, објави снимка, во која посочува дека му бил запален домот во скопско Зелениковo. Пандов се сомнева дека станува збор за смислен атак и порача дека ова нема да го поколеба во борбата против криминалот.
„Ова е данокот за нашата борба за владеење на правото без калкулации? Ова е цената за удирањето по мафијата! Домот ми беше запален, и имам основано сомневање дека станува збор за смислен атак на криминалците! Нема да нè запрат и нема да нè поколебаат. Никој не е над законот! Нема враќање назад кога се бориш за правдата. И кога ќе тргнеш против криминалот, тој се брани со насилство. Но, ова нема да ме запре — напротив, само нè зајакнува! Очекувам институциите да го најдат и казнат сторителот. А јас и сите заедно ќе продолжиме таму каде што бевме — со уште поголема одлучност“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата