logo
logo
logo

Министерството за здравство ќе воведе нови дигитални решенија и буџетска методологија

Поголема транспарентност и подобра инфраструктура за вработените и пациентите

Vecer | 22.06.2025

Министерството за здравство ќе воведе нови дигитални решенија и буџетска методологија

Министерството за здравство започнува со имплементирање на нова методологија за пресметка и креирање на својот буџет, овозможувајќи поголема ефикасност и усогласување со реалните потреби. Во рамките на плановите е и платформата поддржана од вештачка интелигенција која ќе биде на располагање на граѓаните, со цел тие полесно да поставуваат прашања и добиваат одговори.

Новите мерки беа објавени од министерот Азир Алиу, кој потенцира дека главен приоритет е обезбедување на реален буџет за министерството. За таа цел, до сите клиники се доставени барања за податоци поврзани со бројот на прегледи, трошоци и персонал. Наместо досегашниот пристап базиран на историја на лекување, се планира анализа на актуелните податоци.

Во насока на подобрување на инфраструктурата, се разгледуваат и проблемите со паркинг-просторот на Клиничкиот центар, каде што на 2.500 вработени и голем број пациенти им стојат на располагање околу 700 паркинг места. Преку соработка со приватната компанија „Лимак“, се обезбедуваат дополнителни 300 паркинг места во Трговскиот центар „Дајмонд“, наменети за вработените кои ќе изберат да ги користат на сопствен трошок.

Покрај тоа, почнува решавањето и на долгодишниот проблем со потпорниот ѕид кај детската клиника, со што ќе се ослободи простор и ќе се прошири улицата за полесно движење.

Планирано е и поставување интерактивни информативни табли на влезот и низ кругот на Клиничкиот центар во Скопје, за да им се олесни на пациентите и посетителите навигацијата до потребната клиника или канцеларија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk