logo
logo
logo

ОРЦЕ ГИ НАПАДНА И ДАНЕЛА И ШИЛЕГОВ: „Наследството од Петре Шилегов и Данела Арсовска изнесува 2,9 милијарди денари во активни судски постапки“

Vecer | 25.12.2025

ОРЦЕ ГИ НАПАДНА И ДАНЕЛА И ШИЛЕГОВ: „Наследството од Петре Шилегов и Данела Арсовска изнесува 2,9 милијарди денари во активни судски постапки“

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во поширока објава на Фејсбук остро ги нападна неговите претходници на функцијата, Данела Арсовска и Петре Шилегов, велејќи дека наследил девастирани јавни претпријатија, хаос во образованието, долгови, неисчистено Скопје, кое не се украсувало за Нова година, и што уште не. Но откако тој дојде на функцијата работите почнале да се менуваат.

„Денес го носиме Буџетот за Град Скопје за 2026 година, но мора отворено да зборуваме и за реалноста што ја наследивме, еден од најкатастрофалните квартални извештаи во историјата на градот, од времето на Петре Шилегов и Данела Арсовска. За девет месеци се реализирани приходи од 2,8 милијарди  денари, што значи просек од само 317 милиони денари месечно. И во претходните години состојбата била слична, а често и полоша.

За споредба, за само 40 дена реализиравме приходи од 659 милиони денари, речиси двојно повеќе од било кој месечен резултат во минатото“, пишува Ѓорѓиевски.

Во овој квартален извештај, според него, се прикажани само доспеаните долгови и кредитите евидентирани во сметководството на Град Скопје. Не се опфатени недоспеаните обврски, ниту најтешкиот товар, тужбите.

„Наследството од Петре Шилегов и Данела Арсовска изнесува 2,9 милијарди денари во активни судски постапки“, вели тој и додава.

„За само 40 дена направивме повеќе во образованието отколку што некои не успеале во цел мандат. Градиме спортски терени во шест средни училишта, обезбедуваме прочистувачи на воздух за секоја училница, нова ИТ опрема, смарт табли, лаптопи, нови клупи и столчиња, како и опрема за информатичките кабинети. Обезбедивме средства за Луна паркот, проект кој со години беше само празно ветување. Обезбедивме средства и за првата фаза од првата подземна сообраќајница кај ‘Лимак’, обезбедивме средства за кружниот тек во Ѓорче Петров“, потенцира Ѓорѓиевски. Па, како била решена  експропријацијата кај Момин Поток за големата клучка, како премиерот Христијан Мицкоски ги поддржува и така натаму.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk