Во услови на зголемена неизвесност, компаниите покажуваат значителна претпазливост при одлучување каде да го насочат својот капитал. Многу е веројатно дека оваа година ќе се забележи одлагање на нови инвестиции, бидејќи во вакви скоро непредвидливи според Борјан Борозанв, директор на една водечка меѓународна компанија.
Тој истакна дека најголемиот ризик моментно се однесува на транспортните рути — од зголемени трошоци за превоз и подолго времетраење на транспортот, до потреба за посилно кредитно финансирање на стока што се наоѓа во транспорт. Ескалацијата на овие фактори ја зголемува психолошката неизвесност кај деловните кругови и се очекува намалување на инвестициите, иако ефектите врз пазарите сè уште не се драматични. Притоа, според соговорникот, ова особено ќе се одрази на европскиот пазар каде што неизвесноста е уште поизразена.
„Денеска сме сведоци дека живееме во свет во кој има работи што ги знаеме, работи што свесно знаеме дека не ги знаеме, но и сè повеќе работи за кои не сме ни свесни дека не ги знаеме“, истакнува соговорникот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата