logo
logo
logo

Министерот ги испрати да спијат дома - ОТПУШТЕНИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ ОД ДУИ СПИЕЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈА (ВИДЕО)

Vecer | 26.12.2025

Министерот ги испрати да спијат дома - ОТПУШТЕНИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ ОД ДУИ СПИЕЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈА (ВИДЕО)

Министерот за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, објави снимка на која, според него, се гледа канцеларија во неговото министерство, онака како што ја оставиле службеници кои во неа работеле, но вчера, 24 декември, биле отпуштени.

-По документирањето на состојбата, тие се испратени да си спијат дома, вели министерот.

Со објавата Стоилковиќ одговори на нападите од ДУИ, која претходно обвини за дискриминација поради тоа што од министерството се отпуштени „седуммина Албанци“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk