logo
logo
logo

ТРИ ГОДИНИ ЗАТВРО И 5 ГОДИНИ ЗАБРАНА ЗА ВРШЕЊЕ ДЕЈНОСТ ЗА ГИНЕКОЛОГОТ АСАНИ кој ја остави Јилдиз Веапоска без репродуктивни органи

Vecer | 21.11.2025

ТРИ ГОДИНИ ЗАТВРО И 5 ГОДИНИ ЗАБРАНА ЗА ВРШЕЊЕ ДЕЈНОСТ ЗА ГИНЕКОЛОГОТ АСАНИ кој ја остави Јилдиз Веапоска без репродуктивни органи

Три години ефективна затворска казна и пет години забрана за вршење професија, дејност или должност, судот во Струга му пресуди на гинекологот Мухамед Асани, првообвинет во случајот со родилката од Дебар, Јилдиз Веапоска на која по породувањето со царски рез во Болницата во Струга и биле отстранети матка, јајник и бубрег.

Ослободителни пресуди добија второобвинетиот, неговиот син Блертон Асани, кој тогаш бил специјализант по гинекологија и третообвинетата лекарка Лилјана Јованоска.

Судот обинетиот Мухамед Асани го прогласува за виновен, и му изрекува ефективна казна затвор во траање од три години, која што е максимална предвидена за ова кривично дело, а по издржување на казната затвор му изрекува споредна казна забрана за вршење професија, дејност или должност во траење од пет години, кажа судечкиот судија Јордан Jованов при изрекувањето на пресудата.

Судскиот процес траеше четири и пол години, а оштетената Веапоска изрази задоволство од изречената казна, со забелешка дека вина во случајот има и второобвинетиот, кој како специјализант присуствувал при вршењето на царскиот рез.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk