logo
logo
logo

БРИСЕЛ ЌЕ НИ ПИШЕ ПЕТКА, А ЌЕ СЕ ИСПОРАЧА ЛИ ПРАВДАТА, праша Премиерот и најави носење на законите за правосудство до Нова година

Vecer | 14.11.2025

БРИСЕЛ ЌЕ НИ ПИШЕ ПЕТКА, А ЌЕ СЕ ИСПОРАЧА ЛИ ПРАВДАТА, праша Премиерот и најави носење на законите за правосудство до Нова година

До крајот на годината ќе бидат донесени реформските закони поврзани со правосудството односно со судиите и обвинителите и за јавно обвинителска и судска служба.

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска изјави бидејќи со нив се бара финансиска независност се анализира како тоа е решено во други земји во Европа, но нагласува оти ќе се бара отчетност за секоја потрошена пара преку Државниот завод за ревизија и собраниската комисија.

Мицкоски кажа дека вчера имал состанок со министрите за надворешни работи и трговија, за европски прашања и за финансии и оти се анализираат неколку модели во рамките на Европската унија.

Не можеме, потенцираше тој, ние да бараме 0,8 проценти, а во многу поразвиени земји е 0,2, 0,3 или 0,4 проценти.

- Анализираме неколку модели од Европа колкав е тој процент од Буџетот и дали се однесува на приходната страна, на вкупните приходи или на БДП. Но, треба да знаат дека во тој момент одговараат за секој денар пари потрошени до вас граѓаните. Од хигиенски препарати па се до реконструкција на институциите. Ќе го добијат тоа. Јавно кажувам дека ќе го добијат тоа откако ќе ја направиме деталната анализа во современите земји. Сами нека вработуваат, сами нека се грижат за сите оперативни трошоци, сами нека си дават плата во рамки на Буџетот кој што ќе биде процент онаков каков што е во неколку примери кој што ги дефиниравме – рече Мицкоски.

Ќе барам, потенцираше тој, само една работа: одговорност.

- Еве ние тоа како Влада тоа ќе го направиме. Само една работа ќе бараме одговорност за потрошениот денар народни пари преку државниот завод за ревизија и собраниската Комисија која што врши надзор над работењето. Тоа се народни пари. Тоа не се нивни пари. Како што мене ме контролираат, така и нив ќе ги контролираат – рече Мицкоски.

Премиерот нагласи дека ако останеме на едноцифрена поддршка за судиите и обвинителите, ние ништо не сме направиле.

- Јас како претседател на Владата сум прв тоа да го добијат. Да видиме тогаш што ќе пречи. Очекувам исто така да излезат од Брисел и да кажат исто така браво и да ни кажат дека сме одлични. Петка дека сме добиле. Затоа што нели тоа беше проблемот. Немало реформи еве ќе ги донесеме до нова година. Ајде да видиме дали е тоа пречката или е нешто друго- рече Мицкоски.

Тој не го коментираше писмото на членовите на Судски совет, Врховен суд и Здружение на судиите, потенцирајќи дека остава граѓаните да кажат дали се задоволни од испораката на правдата во Македонија.

- Јас нема да давам одговор на таков тип дописи. Оставам јавноста да каже. Еве граѓаните нека кажат дали се тие задоволни од испораката на правда во Македонија, рече Мицкоски.

Додаде дека ќе се држи до она што го кажа претходно.

- Ќе гледаме, рече тој, секој денар каде го трошат и оти тоа исто така им го ветува.

– Да не се случи после дел од нив да се најдат на обвинителска клупа како обвинети – рече премиерот Христијан Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk