logo
logo
logo

Со метален капак од шахта го удирал противникот, додека не го совладале полицајци

ШТО Е СО ТУРСКИВЕ ДРЖАВЈАНИ ВО МАКЕДОНИЈА? Обид за убиство кај Клуб на пратеници

Vecer | 10.05.2025

ШТО Е СО ТУРСКИВЕ ДРЖАВЈАНИ ВО МАКЕДОНИЈА? Обид за убиство кај Клуб на пратеници

Јавно обвинителство спроведува истрага против 35-годишен турски државјанин за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Убиство во обид.

Обвинетиот ноќеска по полноќ во близина на Клубот на пратеници  се обидел да убие друг турски државјанин.

„По претходна вербална расправија, тие почнале физички да се пресметуваат и си разменувале удари од кои оштетениот паднал повреден на земја. Во тој момент осомничениот зел метален капак од шахта со кој повеќе пати го удирал оштетениот во главата. Додека оштетениот лежел на земјата во бесознание, осомничениот продолжил да го удира со нозе по главата и телото. Дури и кога на местото пристигнале полициски службеници, тој одбивал да престане со ударите додека не го совладале, со што на оштетениот нанел тешки телесни повреди поради кои во животозагрозувачка состојба тој бил хоспитализиран на Клиниката за неврохирургија“, соопшти Обвинителството.

Обвинителот бара за него притвор бидејќи смета дека постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство на осомничениот кој немал пријавено престојувалиште во земјава, можност да влијае на сведоци во постапката или да го повтори кривичното дело.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk