logo
logo
logo

ПОЦ СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

ЛАЖНИ КАЗНИ од ПОЦ најновата измама за „ВЛЕЧЕЊЕ“ пари од скопјани

Vecer | 02.10.2024

ЛАЖНИ КАЗНИ од ПОЦ најновата измама за „ВЛЕЧЕЊЕ“ пари од скопјани

ЈП Паркинзи на Општина Центар известува дека денес пријавена е поставена лажна Дневна паркинг карта (ДПК) при која се злоупотребени дизајнот и логото на ЈП Паркинзи на Општина Центар.

На неа стои QR код кој треба да се скенира и да се изврши онлајн уплата за истата, а истиот води кон веб-адреса која нема поврзаност со ЈП ПОЦ  и е со цел преку измама да се извлечат парични средства.

-Ги замолуваме граѓаните да бидат внимателни и доколку забележат ДПК од овој тип веднаш да нѐ известат. Единствената веб-адреса за онлајн наплата на ДПК на претпријатието е https://users.poc.mk/PayDpk . Од наша страна во моментов се преземаат мерки за пријави до надлежните органи и информирање на јавноста со цел заштита на граѓаните. Во прилог фотографија од лажната ДПК, велат од ЈП Паркинзи на Општина Центар.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk