logo
logo
logo

МТВ БАРА НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ДА ИСПИТААТ ЗОШТО Ѝ ПАДНАЛ СИСТЕМОТ Дали станува збор за намерен упад во мрежниот систем?

Vecer | 16.10.2025

МТВ БАРА НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ДА ИСПИТААТ ЗОШТО Ѝ ПАДНАЛ СИСТЕМОТ Дали станува збор за намерен упад во мрежниот систем?

Македонската Радиотелевизија соопшти дека поради сериозен технички проблем не била во можност да ги емитува телевизиските дневници во 17.00, во 19.30 и во 22.30 часот, на 15.10.2025.

„Се врши проверка дали станува збор за намерен упад во мрежниот систем, поради постоечките сомнежи за пробивање на заштитниот механизам од надворешни напади и влијанија.

Во расветлувањето на случајот ќе бидат вклучени сите надлежни државни институции.

Јавниот сервис им се извинува на граѓаните за неможноста да ги следат централните информативни изданија на нашата програма.

Македонската Радиотелевизија ќе продолжи да известува навремено и објективно, во интерес на јавноста“ – се вели во соопштението на МРТВ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk