logo
logo
logo

Судскиот совет ја избра Даниела Димовска ЗА НОВ ВД ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КРИВИЧЕН СУД

Vecer | 03.07.2025

Судскиот совет ја избра Даниела Димовска ЗА НОВ ВД ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КРИВИЧЕН СУД

Судијката Даниела Димовска е избрана за вд претседател на Основен кривичен суд Скопје. Одлуката беше донесена на денешната седница на Судскиот совет.

Покрај неа за вршители на должноста претседатели до конечен избор се избрани Елјеса Алији за Основен суд Гостивар, за Основен суд Дебар, Мерсим Марку и Основен суд Свети Николе, Валентина Буревска кои на новите функции ќе стапат од 6 јули оваа година.

Во дискусијата за избор на вд претседател на Основен кривичен суд Скопје, по заминувањето на Иван Џолев во Апелациски суд, Судскиот совет го разгледа известувањето на координаторот Данка Ристова.

Таа во образложувањето кажа дека процедурата за избор е спорна заради начинот на оценувањето и не се во целост усогласени одредбите за поставување на вд претседател. Нејзиниот предлог за вд претседател на Основниот кривичен суд Скопје на координаторот Ристова беше Даниела Димовска која беше поддржана со мнозинство гласови.

Судскиот совет на денешната седница разреши судии поротници во судот во Свети Николе, Основен кривичен суд Скопје и во Основен граѓански суд Скопје на кои им е истечен мандатот.

Советот изгласа и одлука за формирање на комисии за увид и оценка на пријавите по огласот за избор на претседатели на судовите во Дебар, Гостивар и Свети Николе кои ќе ја водат натамошната постапка.

По предлог на членот на Советот Селим Адеми и надлежен координатор, Судскиот совет донесе одлука со која на рок од една година се делегира судијата Драган Јаковлески од Основен суд Битола во Основен суд Прилеп.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk