logo
logo
logo

ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ СО ИНВЕСТИЦИИ ВО ДУБАИ Едниот со зграда, другиот со стан

Vecer | 24.12.2025

ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ СО ИНВЕСТИЦИИ ВО ДУБАИ Едниот со зграда, другиот со стан

Зоран Заев, партнерот на Венко Филипче, гради 40катница во Дубаи, ова е сведоштво на човек кој тврди дека бил таму и го видел тоа, Томе Аврамски, поранешен соработник и познаник на Зоран Заев, кажува лично сведоштво дека бил во Дубаи и ја посетил зградата која ја гради Зоран Заев. Но, исто така кажува и дека Венко Филипче има стан во Дубаи, отркива ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е скандал од невидени размери, но и доказ дека златните визи на Зоран Заев и Венко Филипче се добиени врз база на инвестиции во недвижности.

Во своето сведоштво, Томе Аврамски вели, цитирам:

,,Еве јас сега одам во Дубаи, таму нешто работам и он (се мисли на Заев) е таму. Таму се сите. Тука е и Заев, тука е и бившиот министер, сега лидер на СДС (се мисли на Венко Филипче), и он е тука. Јас баш сум бил во зградата каде што купија станови. Еве сега Заев гради во Дубаи, зграда од 42 спрата. Тоа се големи инвестиции, тоа се милиони евра”.

Имаме пријава до антикорупцискиот тим на Венко, и тоа лично за Зоран Заев

Дали е точно дека додека државата ја остави на колена, опустошена, Зоран Заев гради згради во Дубаи и тоа 40 катница? Од каде му се парите за тоа? Дали се од РЕК Битола и дали за тоа е вмешан Вице Заев? Каква е врската на Вице Заев и Енко Колашинац? Дали за овие „бомби“ ќе расправа антикорупцискиот тим на СДС?

Вистината излегува на виделина. Правда мора да има!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk