logo
logo
logo

ТОШКОВСКИ СО ИСТ ПРОБЛЕМ КАКО АНТИКОРУПЦИСКА: Поднесуваме пријави, Обвинителството дреме и ги држи “во фиока“

Vecer | 06.09.2025

ТОШКОВСКИ СО ИСТ ПРОБЛЕМ КАКО АНТИКОРУПЦИСКА: Поднесуваме пријави, Обвинителството дреме и ги држи “во фиока“

Обвинителството во Македонија станува “држава во држава“ и функционира по лична воља и за интерес на десттмината поранешни обвинители од СЈО и нивните “партнери“. И тоа ен запира. Поранешната претседателка на Антикорупциска, Биљана Ивановска , во едно од псоелдните интервјуа на 1 февруари 2024 година пред да ја напушти функцијата, изјави: Од вкупно 56 иницијативи за кривично гонење што ги поднела ДКСК до Обвинителството за пет години, ниту една не била процесуирана.

Сега со истиот проблем се соочува и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски - МВР наоѓа криминал, доставува пријави но, Обвинителството не постапува или ебскрајно ги држи “во фиока“ особено ако пријавите допираат до нивните “партнери“ од СДСМ и ДУИ и соработниците на тие партии од подземјето.

Неспорен е заклучокото дека Обвинителството не ја врши работата за која се избрани и платени, со исти забелеѓки се и јавноста но, и стручните органи како Антокрупциска и МВР.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за МИА потврдува дека во иднина ќе има нови случаи поврзани со криминал и корупција на високи функционери, но исто така посочува и дека Јавното обвинителство и судовите не постапуваат еднакво за секој против кој е поднесена кривична пријава, како и дека за некои од случаите нема исчекор од страна на обвинителството.

Апсолутно да. МВР покажа за овие години во рамки на новата Влада дека можело поинаку, дека можело да се поднесе кривична пријава и против висок функционер од која било политичка партија, без разлика дали доаѓа од една, друга или трета, не би сакал да специфицирам, дека можело да се отворат постапки, дека можело да се говори јавно и при тоа со докази и со факти да се потврдат криминали, вели во интервјуто Тошковски.

Како пример го издвојува предметот „Адитив“, кој беше процесуиран и со обвинение од страна на Јавното обвинителство, но, министерот за внатрешни работи потенцира дека Јавното обвинителство и судовите не постапуваат еднакво за секој против кој е поднесена кривична пријава.

-За жал, и покрај тоа што поднесовме огромен број на кривични пријави, како против поранешни министри, директори на институции, кривична пријава беше поднесена и против поранешен премиер, Јавното обвинителство и судовите гледаме дека не постапуваат баш еднакво спрема секој еден против којшто е поднесена кривична пријава.

Останува времето да покаже дали во овој нареден временски период и Јавното обвинителство и судовите ќе се охрабрат да постапуваат во рамки на законски дадените овластувања, се со цел да можеме да видиме процесна правда, којашто е нужна да ја испорачаме како институција, но и суштинска правда којашто би требало да ги детектира сите оние кои незаконско работеле во изминатиот период и да овозможи поврат на оние средства што незаконски биле трошени од страна на одредени, без разлика дали се тоа министри, директори или кој било друг тип на функционери во изминатиот период, рече Тошковски.

Според него, за дел од предметите, како оној со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 62 млади лица, Обвинителството покажало храброст и одлучност навремено да одговори и веднаш да ги спроведе потребните процесни дејствија. Сепак, посочува дека за дел од предметите за којшто МВР поднеле кривични пријави со голем број докази, нема исчекор.

Јавно би ја искористил оваа прилика да го запрашам Јавното обвинителство до каде е предметот со злоупотреба на полициски овластувања во рамки на работењето на МВР, што беа поврзани со незаконско издавање на оружје.

Поднесовме доста добра кривична пријава според информациите што ги имам, издржана со огромен број да докази против поголем број на полициски службеници коишто незаконски постапувале во изминатиот период. Но, за жал, до ден денес не можам да констатирам помрднување во однос на тој конкретен предмет. Ниту сме известени дека е отфрлена кривичната пријава, ниту, пак, сме известени дека истата била сериозно разгледана од страна на Јавното обвинителство и процесуирана со соодветен акт во рамки на нивна надлежност, вели Тошковски.

Во интервјуто министерот за внатрешни работи зборувајќи за трагедијата во Кочани нагласува дека во делот на она што е надлежност на МВР било максимално координирано постапено по сите наредби на Јавното обвинителство.

Сега останува на судот врз основа на сите собрани и доставени докази до него, да ги преземе сите оние процесни дејствија коишто е потребно да бидат преземени во страна на судот, рече Тошковск

Додека ВМРО-ДПМНЕ, партијата од којашто доаѓате, беше во опозиција, но и не само во опозиција, постојно зборуваше за организиран криминал и корупција од претходната влада и од функционери кои многу време претходно беа на власт во нашата држава. Дел од тој криминал се расчисти, но сè уште се вперува прстот кон Обвинителството, но и кон Министерството за внатрешни работи. Може ли во следниот период да очекуваме расчистување и расветлување на нови случаи поврзани со организираниот криминал и корупција?

- Апсолутно да. Министерството за внатрешни работи покажа за овие години во рамки на новата Влада дека можело поинаку, дека можело да се поднесе кривична пријава и против висок функционер од која било политичка партија, без разлика дали доаѓа од една, друга или трета, не би сакал да специфицирам, дека можело да се отворат постапки, дека можело да се говори јавно и при тоа со докази и со факти да се потврдат криминали.

Од огромни суми, овде само би го издвоил предметот Адитив, којшто за среќа беше поддржан и од страна на Јавното обвинителство и беше процесуиран и со обвинение од страна на ЈО. Но, за жал, и покрај тоа што поднесовме огромен број кривични пријави, како против поранешни министри, директори на институции, кривична пријава беше поднесена и против поранешен премиер, Јавното обвинителство и судовите гледаме дека не постапуваат баш еднакво кон секој еден против којшто е поднесена кривична пријава, посебно кон бившите функционери.

Но, останува времето да покаже дали во овој нареден временски период и Јавното обвинителство и судовите ќе се охрабрат да постапуваат во рамки на законски дадените овластувања, се со цел да можеме да видиме процесна правда, којашто е нужна да ја испорачаме како институција, но и суштинска правда којашто би требало да ги детектира сите оние кои незаконско работеле во изминатиот период и да овозможи поврат на оние средства што незаконски биле трошени од страна на одредени, без разлика дали се тоа министри, директори или кој било друг тип на функционери во изминатиот период.

Сметам дека сега на потег во делот од предметите е Јавното обвинителство, а во делот од предметите коишто сме ги отвориле и испроцесуирале во изминатиот период за којшто Јавното обвинителство покренало обвинение, на ред е надлежниот орган којшто ги процесуира сите тие постапки, а тоа се судовите.

Дали сметате дека Обвинителството навремено, во една реална временска рамка, ги процесуира случаите што ги доставувате до нив?

- Морам да истакнам дека во дел од предметите навистина, Обвинителството покажа храброст и покажа одлучност навремено да одговори и веднаш да ги спроведе оние процесни дејствија коишто требаше да бидат спроведени.

Овде би го издвоил, да кажам, оној трагичен случај во Кочани што, но во делот од предметите каде што, како Министерство за внатрешни работи, сме поднеле кривични пријави против поранешни функционери со доста голем број на докази, издржани кривични пријави, навистина …

Повеќе од година дена помина за делот од предметите за коишто имаме поднесено кривични пријави со издржани докази. Не гледам никаква информација, ниту пак исчекор од страна на ЈО, што навистина ме загрижува за одредени предмети, особено кои, што се однесуваат на високи функционери од претходниот временски период.

Јавно би ја искористил оваа прилика да го запрашам Јавното обвинителство до каде е предметот со злоупотреба на полициски овластувања во рамки на работењето на МВР, коишто беа поврзани со незаконско издавање на оружје. Поднесовме доста добра кривична пријава според информациите што ги имам, издржана со огромен број да докази против поголем број на полициски службеници коишто незаконито постапувале во изминатиот период. Но, за жал, до ден денес не можам да констатирам помрднување во однос на тој конкретен предмет. Ниту сме известени дека е отфрлена кривичната пријава, ниту, пак, сме известени дека истата била сериозно разгледана од страна на Јавното обвинителство и процесуирана со соодветен акт во рамки на нивна надлежност.

Секојдневно во МВР билтените гледаме извештаи за фатени лица со „бела прашкаста материја“. Каква е состојбата со дрогата во земјава? МВР имаше повеќе акции.

Еве, во 2025 година имаме разоткриено, разобличено, негде отприлика околу три криминални групи, коишто оперираат не само внатре во Македонија, туку и надвор од Македонија. Некаде околу 25 лица се предмет на овие кривични пријави и на овие постапувања.

Со тоа што, еве, ако го земеме само кокаинот како наркотично средство, за оваа година и половина од кога сум јас министер, заплената на кокаин е од прилика еднаква на заплената во претходните 6-7 години заедно. Значи, ние за една година, година ипол имаме запленето 9 килограми кокаин, а толку има претходниот министер во рамки на целокупниот свој мандат. Сакам да кажам дека резултатите се евидентни.

А, дали е тоа доволно? Не! И тоа како треба да работиме во тој дел, и тоа како треба да сме посветени особено во борбата против нелегалната трговија со овој тип на психотропни супстанции. И во иднина сме на размислување, моментално е ставено на дискусија, на дебата, разговараме и со професори и со експерти од областа за одредени законски измени што Унгарија веќе ги примени, а тие се однесуваат на конкретни постапувања во врска со третманот на употребата на другата од страна на одредени конзуматори на истата, од аспект на третманот којшто ќе го даде државата на нив.

Односно, доколку истите соработуваат со државата и се во насока да помогнат да се разоткрие мрежа на сторители, истите би имале третман на конзуматори, како што е сегашниот закон. Односно би имале третман на прекршители.

Но, доколку не соработуваат се државата и не сакаат да му помогнат на истражителот, на обвинителот итн. во рамки на постапка на спроведување на законот, истите би имале третман на сторители на кривично дело.

Но, сепак, ова е навистина чувствителна тема. Повторно ќе кажам, дискутираме, разговараме на тема со професори, со експерти од областа, но, размислуваме во насока малку да бидеме поригорозни во делот на законските решенија коишто би ги понудиле во иднина, а се поврзани со борбата против нелегална трговија на дрога.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk