logo
logo
logo

НЕМА ДА СЕ ЛЕПИ КАТНА ГАРАЖА ДО СОБРАНИЕТО, тоа ќе се спречи со посебен закон

Vecer | 30.01.2025

НЕМА ДА СЕ ЛЕПИ КАТНА ГАРАЖА ДО СОБРАНИЕТО, тоа ќе се спречи со посебен закон

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска на брифинг со новинарите информира дека речиси целосно е готов посебниот закон со кој ќе се спречи изградбата на катната гаража со деловен простор на локација зад собраниската зграда. Со посебниот закон се очекува околината на Парламентот да биде прогласена за безбедносна зона.

– Најголемо внимание во подготовката на законот е обрнато на начинот како ќе биде обесштетен сопственикот на земјиштето, затоа што се работи за приватна сопственост, а законот мора да биде во согласност со Уставот, рече Гаши.

Тој најави дека во текот на февруари ќе го испрати законот на разгледување пред пратениците, а брзината на неговото усвојување, како што рече, ќе зависи од пратеничките групи. Не прецизираше дали се предвидува национализација или експропријација на земјиштето, ниту пак, дали имаат процена колку пари ќе чини обесштетувањето на сопственикот.

– Веднаш откако почна да работи овој состав на Собранието формирав работна група, во која се претставници на сите надлежни институции, за да го решиме овој долгогодишен проблем. За жал, земјиштето зад Собранието е продадено на приватно лице, кое сакаше да изгради катна гаража. Три дена по мојот избор за претседател на Собранието, багерите веќе дојдоа. Работата беше сериозна. Во работната група дојдовме до едно законско решение, кое е 99 отсто завршено и со кое околината на објектот на Собранието ќе биде прогласена за безбедносна зона. Такви се сугестиите на безбедносните служби и така ќе се реши проблемот, рече Гаши.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk