logo
logo
logo

„Зошто случајот Онкологија СЕ СТАВАШЕ ПОД ТЕПИХ ДОСЕГА?“

Vecer | 31.01.2024

„Зошто случајот Онкологија СЕ СТАВАШЕ ПОД ТЕПИХ ДОСЕГА?“

Скандалозни случувања на Онкологија нешто повеќе од две години за кои зборуваше целата јавност, а пациентите сведочеа на истите. Власта предводена од СДС и ДУИ  едвај собра сили по две години, или минатата година во септември, да го обелодени скандалот. Но, и по четири месеци од обелоденување на истиот нема ништо конкретно, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат дека затоа првиот работен ден новиот министер за внатрешни работи тргна во решавање на Онкологија.

- Прашањето е, зошто овој случај се ставаше под тепих? Случувањата на Онкологија од вчера покажуваат само една работа – дека власта на СДС и ДУИ не се грижи за ништо, односно ниту еден скандал во здравството нема разрешница и се сѐ движи многу споро, а цената ја плаќаат граѓаните, нагласуваат тие.

Од партијата посочуваат дека едноставно се чекаше техничка влада и технички министер да се размрдаат работите. А, постапката за откривање на случувањата на Онкологија требаше да биде завршена уште вчера.

- За неефикасноста на системот, ненавремените активности во клучните области како внатрешни работи, обвинителство, судство одговорни се СДС и ДУИ. На власта предводена од СДС и ДУИ како да не и се работеше, како да не фаќаше да сработи ништо од што нема корист. Како да се чекаше на техничка влада и технички министер за да се размрдаат работите. Секој сторител на казнено дело треба да се најде пред лицето на правдата. За седум години владеење, СДС и ДУИ правдата ја ставија на страна. Одговорност мора да има, велат тие.

Оттаму потенцираат дека во здравството никогаш не било полошо, никогаш не било полошо во институциите на системот!

Важно е да ги поразиме, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk