Новата година ќе ја дочекаме со студ, во вистинска зимска атмосфера но, без снег. Некого студот ќе израдува но повеќето ќе посакаат да се врати до скоро умерената доцна есен.
Македонија денеска е под влијание на влажен бран со облачно време и повремени врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе бидат од снег.
Од петок се очекува стабилизирање на времето, но со значителен пад на утринските температури. За време на викендот и во почетокот на следната недела утрата ќе бидат ведри, но многу студени, со температури кои насекаде ќе се спуштат под нулата.
Најниските утрински температури се предвидуваат во недела и понеделник, кога на места ќе достигнат и до -8 степени. Дневните температури кон крајот на периодот ќе бидат во благ пораст, достигнувајќи до 10 степени.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата