logo
logo
logo

Лабудовиќ, кандидат за градоначалник на Центар, на консултации и претставување пред пензионерите

Vecer | 24.09.2025

Лабудовиќ, кандидат за градоначалник на Центар, на консултации и претставување пред пензионерите

Кандидатот за градоначалник на Центар, Мирослав Лабудовиќ, денеска имаше средба со членови на Здружението на пензионери од oпштината, на која се разговараше за проблемите со кои се соочуваат пензионерите и нивните очекувања од локалната самоуправа. Клучни теми беа проблемот со паркирањето кој создава хаос во општината и неможноста за нормално и безбедно движење на повозрасните лица.

Пензионерите се пожалија дека не можат нормално да се движат на тротоарите од улиците, затоа што голем дел од нив се преполни со возила. Беше покренато и прашањето за поставување столпчиња, како едно од решенијата кои ќе помогнатда се нормализира движењето низ центарските улици, како и обезбедување полесен пристап за сите стари, изнемоштени и лица со попреченост.

„Јас имам голема почит кон нашите повозрасни сограѓани, нашите пензионери, и токму затоа обезбедувањето подобри и подостоинствени услови за нив е еден од приоритетите во мојата изборна програма. Заедно со мојот тим веќе работиме на системски решенија за надминување на проблемот со сообраќајниот хаос, пред сè преку зголемување на капацитетот на паркинг места, но и со воведување ред и почитување на сообраќајната култура од сите учесници во сообраќајот“, рече Лабудовиќ.

Тој ги покани претставниците на Здружението на пензионери на уште неколку средби, со цел тие директно да дадат идеи и сугестии за надминување на проблемите и релизирање на сите потреби на повозрасните жители. Од Здружението пак изразија целосна поддршка за кандидатурата на Лабудовиќ и му посакаа успех на претстојните локални избори.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk