logo
logo
logo

Ако се работи за лица кои се опасност за Британија, тие се подеднакво опасни и за нас

Од Британскиот амбасадор сум информирана дека НЕ СЕ ТОЧНИ ТВРДЕЊАТА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ

Vecer | 10.12.2025

Од Британскиот амбасадор сум информирана дека НЕ СЕ ТОЧНИ ТВРДЕЊАТА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска изјави дека според информациите што ги има од британскиот амбасадор и од Владата не се точни тврдењата дека се преговарало со Велика Британија за прифаќање мигранти во земјава.

Таа одговарајќи на новинарско прашање во врска со објавите во дел од британските медиуми дека се разговарало со македонските власти за можен прием на мигранти во земјава и во однос на резолуцијата за мигрантите до Собранието, што претходно ја најави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, истакна дека ова прашање се интензивирало деновиве, а за него се зборувало уште кога се склучило стратешкото партнерство со Велика Британија.

– Ова прашање се интенвизира деновиве, инаку мислам дека за него чувме уште во време на склучувањето на Стратешкото партнерство. Колку што јас сум информирана од британскиот амбасадор и од Владата тоа не е точно. Мојот став е дека ако се работи за лица кои се опасност за Британија, тие се подеднакво опасни и за нас и јас сум против нивен прием. Меѓутоа она што вие сега го кажувате за резолуција, ама прашањето е за што ако ние немаме докази, бидејќи тоа што излегува во медиумите, со сета почит кон вашата професија, не мора да биде точно – рече Сиљановска Давкова по отворањето на Меѓународниот форум насловен „Глокализација  2.0: Одржлива родово-одговорна иднина“, организиран од Регионалната мрежа за родово одговорно буџетирање (GBWN).

Сметам дека секогаш кога преземате некои активности, додаде претседателката, тоа мора да се заснова на факти и докази, за да не се губи времето во креирање дополнителни поделби за прашања кои навистина го немаат одговорот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk