logo
logo
logo

ТРАГЕДИЈА ВО ВЕЛЕС: Ја убил својата девојка, му пресудил и на нејзиниот татко, па се самоубил

Vecer | 15.09.2025

ТРАГЕДИЈА ВО ВЕЛЕС: Ја убил својата девојка, му пресудил и на нејзиниот татко, па се самоубил

Крвавата драма се случила попладнево во Велес кога момче дошло во семејната куќа на својата девојка и прво неа ѝ нанело повеќе убоди од нож, а потоа и на нејзиниот татко. Потоа момчето си пресудило и на себеси.

– Две лица, едно женско и едно машко, се донесени во Ургентен центар на ЈЗУ Општа болница Велес, попладнево по 16:00 часот. Прво дежурни лекари специјалисти по хируршки болести примиле женско лице избодено со нож на повеќе места на телото и се обиделе да го реанимираат, но не успеале. Потоа, исто така, примено е и момче на кое не можело да му се укаже лекарска помош бидејќи не давало знаци на живот. Лекарите во двата случаи над пациентите констатирале смрт – изјави д-р Ванчо Граматов портпарол на Општа болница Велес.

Потпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска најави официјална информација за немилиот настан.

Неофицијално, жртвата неколку пати го пријавувала убиецот во полиција поради закани по нејзиниот и животот на нејзиниот татко, а исто така имало и случај со палење на возилото на жртвата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk