logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ ГО РАЗРЕШИ ТОЛОМАНОСКИ, ќе следи и исклучување

Vecer | 10.12.2023

ВМРО-ДПМНЕ ГО РАЗРЕШИ ТОЛОМАНОСКИ, ќе следи и исклучување

Александар Толоманоски по пријавата од МВР за поседување на наркотични средства е веднаш разрешен од местото претседател на месниот комитет Пештани во Охрид, се вели во одговорот на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски.

Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека Толоманоски во најитен рок ќе биде и исклучен од партијата.

-Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков од директорката на училиштето каде Толоманоски работел ќе побара поведување на дисциплинска мерка за прекинување на работниот однос. ВМРО-ДПМНЕ остро се спротивставува за секое незаконско однесување и постапување без оглед на политичка, верска или било каква друга припадност.

СДСМ наместо евтин популизам и двојни стандарди нека побара од Спасовски до крај да го расветли двојното убиство кое ја потресе јавноста, како и да повика на одговорност за задоцнетата реакција со трагичното киднапирање и смрт на малата Вања, се вели во соопштението на партијата.

Каевски денеска одржа прес конференција на која обвини дека Толоманоски е близок соработник на Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk