logo
logo
logo

Николоски: Градежништвото порасна на 21% што е ИСТОРИСКИ НАЈВИСОК РАСТ

Vecer | 02.01.2026

Николоски: Градежништвото порасна на 21% што е ИСТОРИСКИ НАЈВИСОК РАСТ

Годината беше успешна ако видиме дека економијата расте, градежништвото порасна за 21 % и што е важно успеавме да ги одбраниме националните интереси, вели вицепрмеиерот и министер за транспорт Александар Николоски во интервјуто за ТВ Алфа.

-Мислам дека ова беше успешна година. Владата реализираше најголем дел од Програмата, она што го ветивме кон граѓаните и параметрите тоа го покажуваат. Во третиот квартал имаме раст од економија во 3,8 проценти што е далеку повисоко од годините наназад. Градежништвото, она што е дел од секторот кој јас го водам порасна со 21 процент што е историски највисок во државата, градежништвото никогаш не било толку високо. Така што, тоа е едниот сегмент кој што е во реализација на Програмата. Во делот на политиките, мислам дека опстанавме на нашите цврсти заложби што ги ветуваме на минатогодишните избори, а тоа е цврста одбрана на националните интереси, така што мислам дека се ова двата сегменти кои што се најзначајни, истакна вицепремиерот Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk