logo
logo
logo

Стефковски повторно се откажува од службен автомобил и средства за репрезентација

СРЕДСТВАТА МОРА ДА СЕ КОРИСТАТ ОДГОВОРНО И ЗА ПОТРЕБИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ

Vecer | 26.11.2025

СРЕДСТВАТА МОРА ДА СЕ КОРИСТАТ ОДГОВОРНО И ЗА ПОТРЕБИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ

Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, и во својот втор мандат се откажува од користење службено возило и од средствата за репрезентација, со образложение дека парите од буџетот мора да се трошат домаќински и исклучиво во интерес на граѓаните.

Стефковски најави дека, како и во изминатите четири години, службените обврски ќе ги извршува со своето приватно возило, додека службеното возило ќе му биде оставено на располагање на административниот апарат за поефикасна работа на терен.

Тој порача дека во општинскиот буџет „нема да има место за непродуктивни трошоци“ и дека секој ден од мандатот ќе биде посветен на реализација на проекти што директно ги подобруваат условите за живот во Гази Баба.

– Средствата мора да се користат одговорно и за потребите на граѓаните. Заедно продолжуваме да ја градиме општината по мерка на сите нас – изјави градоначалникот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk