logo
logo
logo

Џафери ќе биде технички премиер од 28 јануари

Vecer | 08.12.2023

Џафери ќе биде технички премиер од 28 јануари

Талат Џафери, актулениот претседател на собранието, ќе ја предводи техничката влада во периодот до пред парламентарните и претседателските избори, одлучи раководството на неговата матична партија- ДУИ. Одлуката ја соопшти министерот за внатрешни работи Бујар Османи преку Фејсбук.

За шеф на Централниот изборен штаб на ДУИ за изборите 2024 година е избран Фатмир Бесими.

Именувањето на технички премиер Албанец во предизборниот период беше дел од коалицискиот договор меѓу екс-лидерот на СДСМ, Зоран Заев и на ДУИ, Али Ахмети по изборите во 2020 година.

Според договорот на политичките партии кои се сретнаа во понеделникот, техничката влада почнува да функионира од 28 јануари, при што политичката партија ДУИ ќе го даде премиерот на техничката влада.

Првиот круг од претседателските избори треба да се одржи на 24 април, додека на 8 мај да се одржат вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk