logo
logo
logo

„Дволичноста на СДСМ е доказ ДЕКА САКААТ СЕЛЕКТИВНА ПРАВДА“

Vecer | 29.03.2025

„Дволичноста на СДСМ е доказ ДЕКА САКААТ СЕЛЕКТИВНА ПРАВДА“

СДС се дволична партија и секојдневно докажуваат дека сакаат селективна правда. Тие секогаш се навикнати за едни да бидат мајка, а за други маќеа. СДС сè уште не смогна сили да се огради од мали Фрчко и да побараат истрага од институциите, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

СДС продолжува да молчи и со тоа да го брани Јон Фрчковски, кој видовме од фотографии на социјалните мрежи, како шмрка кокаин на маса.

Дали СДС и Венко Филипче со своето молчење го оправдува однесувањето на Јон Фрчковски и дали СДС и Венко сметаат дека Јон треба да одговара?

Дали СДС и Венко Филипче, ќе побараат одговорност за нивниот партиски миленик, кој се гледа од фотографиите како шмрка кокаин на работно место.

Исто така, надлежните институции треба да постапат веднаш и да проверат кога Јон го користел кокаинот, дали кога бил помошник директор во ПУИГ или кога бил на партиска функција во СДС?

Се поставуваат и други прашања, дали тој сам ја користел дрогата, дали ја користел на работно место во ПУИГ, од каде ја купил дрогата, дали можеби и тој продавал кокаин и дали таа влијаела во носењето на одлуки во ПУИГ?

СДС и Венко Филипче веќе неколку денови молчат по ова прашање. Ниту побараа одговорност, ниту го осудија шмркањето на Јон Фрчковски.

Системот мора да го промениме сите заедно, а не да продолжиме како до сега. Одговорност мора да има, стои во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk