logo
logo
logo

ДВЕ ОБВИНЕНИЈА ЗА ОНКОЛОГИЈА: Обвинет Нино Васев и уште тројца лекари, пациенти не добивале лекови, а тие заработувале милиони

Vecer | 22.05.2025

ДВЕ ОБВИНЕНИЈА ЗА ОНКОЛОГИЈА: Обвинет Нино Васев и уште тројца лекари, пациенти не добивале лекови, а тие заработувале милиони

Искористени се сите можни инструменти за на ваков предмет да му дадат целина за да се изнесе пред суд, побарана е маѓународна правна помош и употребена е соработка со Евроспката развојна академија од Љубљана за вештачење во Медицинскиот факултет во Марибор, изјави обвинителите денеска за обвинението за случајот Онкологија

Почнато е со една истрага, завршено со две истраги и затоа се поднесуваат две обвиненија, а второто се однесува на кривични дела против здравјето на луѓето, додека првото се однесува на тешки кривични дела,  злоуптребата на службената дојеност, парите на граѓаните, измама во службата...

Обвинителката

Првиот предмет е за финансиски злоуптореби Ана Гоговска-Јакимовска, обвинителка во случајот “Онкологија” ги образложи девете обвиненија.

Како што појасни предметот е поделен на два дела, првото обвинение се однесува не економското работење на клиниката – опфаќа две лица. Првиот обвинет медицински директор и вториот обвинет организациски директор на клиниката за онкологија.

Таа додаде дека тие се гонат за злоупотреба на службената положба, измама и проневера во службата и овластување. Делата ги сториле во соизвршителство од 2018 до 2022 година.

Според неа двајцата со дејствијата прибавиле значителна имотна корист за друг и нанеле штета на Буџетот во вкупен износ од над 2,2 милијарди денари.  

Исто така се обвинети за измама во службата, па во вршење на службена должност, го довеле до заблуда Фондот за здравствено осигурување да изврши незаконита исплата.

Појасни дека тие за добавувачите на лекови прибавиле значителна корист од над 430 милиони денари.

Набавувале лекови на реверс, без да постои валиден правен основ на тоа за покривање правеле постпаки за јавни набавки, кои биле без предметни, бидејќи добавувачите ги фактурирале претходно добавените лекови без комплетна и вистинита документација вршеле верификација. Со вакви противзаконити дејствија, креирале противправни обврски на Фондот кој бил доведен во заблуда дека буџетот е за законски обврски, а не противзаконски дејствија, рече обвинителата.

Како што рече обвинетиот медицински директор помогнат од организациоскиот извршиле проневера во службатам набавил лекови за да ги присвои и со совј потпис ќе го препишел и одобрел лекот, дел од лековите фиктивно ги раздолжувал, не ги давал на пациентите во чие име биле побарани.

Посочи дека на овој основ разликата е околу 2 милиони денари за 9 пациенти и 5 различни лекови.

Тие го обвинуваат ексдиректорот Нино Васев дека прибавил имотна корист од 13 милиони денари со присвојување на дел од лековите.

- Медицинскиот директор користејќи ја неусогласеноста на издадените лекови од аптека и примени лекови во организационите едници на клиниката, каде бил одговорен организацискиот директор, присвоил дел од лековите кои Клиниката требало да ги има на залиха. Станува збор за девет лекови – авастин, херцептин ербитукс, фубрестан, и така натаму, за кои прибавил противправна имотна корист од најмалку 13 милиони денари“, додаде таа.

Обвинети се и 4 онколози, а прв обвинет е Нино Васев како директор.

Второто обвинение се однесува на третманот на пациентите. Опфаќа четворица лекари онколози.

Обвинителката појасни дека применет е неподобен начин на лекување и спротивно на онколошките упатства нарушено било здравјето на пацинетите.

Прв обвинет е поранешниот директор на Клиниката, се товари дека извршил тешки дела против здравјето на луѓето и несовесно лекување на болни. Другите се товарат за несовесно лекување на болни. Со медицинските вештачења е утврдено дека кај 29 пациенти првообвинетиот применил неподобен начин на лекување, со тешкото го нарушил здравјето на пациентите.

Во дел од случаите му било ова овозможено од вториот обвинет кој му дал факсимил и податоци за влез во системот. Другите двајца лекари се обивнети за кривично несовесно лекување болни, бидејќи врз основа на медицинските истории, се утврдува дека одредувале лекови од новите генерации, во фаза кога било очигледно дека пациентот нема да има корист поради лошиот статус, без да се наведе висината без да се наведе висината и тежината на пациентот, со отстапување од дозирањето, со што дополнително ја влошиле нивната состојба, додаде обвинителката Гоговска-Јакимовска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk