logo
logo
logo

ДУИ ДОБИ ОДГОВОР: Гледање преку призма на КОМПЕТЕНЦИИ И СПОСОБНОСТ е мисловна именка за нив

Vecer | 30.01.2025

ДУИ ДОБИ ОДГОВОР: Гледање преку призма на КОМПЕТЕНЦИИ И СПОСОБНОСТ е мисловна именка за нив

Создавањето на некакви зони без Aлбанци како што наведува ДУИ во соопштението е единствено во главата на Ахмети и бегалецот Артан Груби.  Има ли поголема зона без Aлбанци кojа ДУИ и Ахмети ја направија по нивното над 20 годишно владеење каде избркаа десетици и стотици илјади луѓе надвор од државата по потрага по подобар стандард, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, откако ДУИ се пожали за бројот на Албанци какј советниците на премиерот Христијан Мицкоски.

И ова нивно соопштение е уште една лага и манипулација затоа што во владиниот тим советници има и Aлбанец, а тоа е професорот Шенер Биљали кој е надворешен советник на премиерот за односи меѓу заедниците, како и уште неколку национални координатори кои се Aлбанци, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека тие за разлика од ДУИ политиката не ја гледаат низ призма дали некој е Mакедонец или Aлбанец, туку единствено низ призма на компетенции и способност, нешто што е мисловна именка за ДУИ. 

А секогаш кога ДУИ е наводно загрижена за Aлбанците се знае дека е највеќе загрижена за своите лични и бизнис интереси.  И кога сме на оваа тема, добро е да се произнесе коалицискиот партнер на ДУИ, Левица што мисли и кој е нивниот став за лажната загриженост на ДУИ за создавање на зони без Aлбанци, потенцираат од влаејачката партија.

Според ДУИ Владата продолжува со создавање „зони без Албанци“ во државните институции, систематски потиснувајќи ги Албанците од позициите каде се носат одлуки.

Овојпат, тоа се огледува во составот на советнички тим на Премиерот каде речиси нема ниту еден Албанец, велат од ДУИ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk