logo
logo
logo

ДОЖД МОЖЕ ДА ГО РАСИПЕ УБАВОТО ВРЕМЕ, еве од денеска што натаму

Vecer | 01.05.2025

ДОЖД МОЖЕ ДА ГО РАСИПЕ УБАВОТО ВРЕМЕ, еве од денеска што натаму

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Следува период на топло време. Во петок во попладневните часови ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk