logo
logo
logo

До темел изгоре ресторанот Камин Кама

Vecer | 26.09.2022

До темел изгоре ресторанот Камин Кама

Во неделата рано утрото до темел изгоре ресторанот Камин Кама пред мостот во населбата Даме Груев, попозната како Геге, објавија на Фејсбук страната на Ѓорче Петров.

„Доцна вечерта избувнал пожар во ресторанот Камин Кама во населбата Ѓорче Петров, уште попознат како центарот за забава на македонската фолк естрада, пишуваат тие.

И покрај брзата интервенција на пожарникарите, сепак огнените јазици се ширеле со многу голема брзина и го зафатиле целиот објект.

Засега не се шпекулира за причината на пожарот ниту за висината на финансиската штета се додека не се направи проценка на истата.

Според првичните проценки штетата е огромна, што е евидентно и на самото место каде објект речиси и нема.

Сопственикот на ресторанот, познатиот естраден уметник, Трајче Толевски, познат како Трајче Мајка во шок и неверување од немилиот настан, изјави дека најважно од се е што немало жртви, ниту пак повредени.

Тој вели дека пожарот се ширел со неверојатна брзина, а му било јавено од страна на соседите кои пак пријавиле во пожарната служба за што е особено благодарен.

Сепак, немилиот настан не успеа да го уништи позитивниот дух на Трајче и нашиот разговор го заврши си пораката: лошото да остане овде, Камин Кама ќе ја обновиме, а најважно е сите ние да сме живи и здрави.”

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk