logo
logo
logo

Димитров: Францускиот предлог НЕ НЕ НОСИ ВО ЕУ

Vecer | 20.06.2022

Димитров: Францускиот предлог НЕ НЕ НОСИ ВО ЕУ

Поранешниот министер за надворешни работи и вицепремиер за евроинтеграции, Никола Димитров изјави дека францускиот предлог не не носи кон членство во ЕУ, туку како што рече во тесно сокаче полно со барања на Бугарија.

„Францускиот предлог не нè носи кон членство во ЕУ. Ние сакаме да ги почнеме преговорите или сакаме да ги завршиме преговорите и да влеземе во членство, затоа што не носи во едно тесно сокаче што е исклучително комплициреано, обременето со барањата на Бугарија, при што се прават преседани и за други држави кандидати што ќе следат после нас“, рече тој.

Според него со францускиот предлог се оди под нашите позиции и цревени линии, и се весуваат билатералните прашања во преговарачката рамка.

Димитров додава дека таа концесија е направена многу лесно, без притоа да се побара во најмала рака Бугарија да ја тргне унилатералната декларација од македонскиот јазик, а одговорноста за тоа ја префрла на Владата.

Ова тој го изјави пред панел дискусијата организирана од Институтот за демократија (ИДСЦС) и Институтот за европска политика (ЕПИ) по повод презентација на документот „Бугарското вето на македонските евроинтеграции: какво јаболко може да загризе Македонија?“.

-Не може во Северна Македонија ние да впишуваме бугарска заедница во Уставот на барање на Бугарија, а Бугарија за мнозинскиот народ, за македонскиот народ кој зборува македонски јазик, уште не е на чисто со македонскиот идентитет. Ние не бараме да ни го признае јазикот. Државите не признаваат јазици, но имаат обврска да го почитуваат правото на самоизјаснувње и самоопределување на македонскиот народ. Тоа што го направи Грција со Преспанскиот договор. Проблемот на овој предлог е прво што не го решава македонско – бугарскиот проблем затоа што негирањето уште постои, додаде тој.

Димитров рече дека додека Бугарија не се откаже од таа агенда, да не отрезни нас Македонците, тој проблем нема да биде решен, и ние не можеме да го затвориме македонското прашање со последната држава која што има проблем со тоа, тоа е Бугарија.

Според него, проширувањето мора да биде врзано со реформи, бидејќи ако се вметне внатре билатерална желботека, се руши целата суштина. После се што поминавме како народ и нација, додава Димитров, заслужуваме европска преговарачка рамка, процес каде што ќе се натпреваруваме со другите од Западен Балкан, па и со Бугарија во однос на демократијата, слобода на медиумите, економијата,…

– Ние имаме еден геополитички момент во Европа каде се зголемува потребата од успех. За да се испорача на Украина и Молдавија, потребно е да се мрднат работите и на Западен Балкан, пред се, околу нас и околу Албанија. Меѓутоа не може тоа се на наша глава пак да се удри – земја која најмногу се испатила и се измачила чекорејќи по европскиот пат, вели Димитров.

Прашан од новинарите за неговата работа како вицепремиер, и дали тој чувствува одговорност, Димитров нагласува дека неговиот ангажман се гледа во предлозите што доаѓаа во разговорите за надминување на спорот со Софија додека тој беше шеф на дипломатијата, односно вицепремиер.

– Предлозите не доаѓаат од небо, предлозите некој треба да ги изработи. Каков беше германскиот предлог, каков беше португалскиот предлог, и како за шест месеци од првата недела кога падна нашата нота до ОН, како стигнавме сега до ова дереџе, рече Димитров.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk