logo
logo
logo

Димитриевска Кочовска со поддршка за болните од цистична фиброза: Излезете господа од власта да ги слушнете вистинските животни проблеми

Vecer | 04.02.2023

Димитриевска Кочовска со поддршка за болните од цистична фиброза: Излезете господа од власта да ги слушнете вистинските животни проблеми

Дајте ни шанса за живот, дајте ни шанса за успешна приказна, беа зборовите кои денес најмногу ме потресоа на овој протест, сите со една иста мака, да се обезбеди лек за да можат болните од цистична фиброза да живеат подобро, напиша ордана Димитриевска Кочовска на социјалните медиуми. Во продолжение нејзината реакција  Во 21 век во земја членка на НАТО, претендент за ЕУ се одржува протест со кој некој бара да земе здив, бара да живее. Излезете господа од власта да ги слушнете вистинските животни проблеми, да ги видите солзите на родителите кои денес беа таму. Кажаа два месеци преговараат со вас, а ако го добијат лекот за 4 дена капацитетот на плуќа од 25% се качува на 50%. Два месеци преговарате со луѓе на кои секоја секунда живот им значи? Срам да ви е и на вас и на секој еден кој во минатото или во иднина нема да реагира или не реагирал навреме на вакви проблеми. Вие деца имате? Имаат ли тие право на живот? Да не се вашите нешто повеќе од овие другите? Вие како живеете добри сте? Секој ден нов криминал, милиони евра испокрадовте и уште ќе кажувате дека е скапа терапијата. Човечкиот живот нема цена. А во буџетот има пари ако домаќински се работи и не се краде. На крајот на краиштата ако не сакате да се откажете од криминалот, скратете на некоја инвестиција спасете човечки животи. Ќе ги направиме инвестициите ама луѓето и нивниот квалитет на живот назад не можеме да ги вратиме. Пред три недели ветив дека ќе дојдам на протестот и денес бев таму. И ќе бидам секогаш поддршка на сите оние кои имаат здравствени проблеми а државата им стои на патот, напиша Димитриевска Кочовска на социјалните мрежи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk