Седум години по потпишувањето на преспанскиот договор се сумираат резултатите. Што и донесе на земјава договорот од Преспа кој ги помири Македонија и Грција и требаше да значи историски пресврт за европска иднина!?
Договорот од Преспа беше потпишан на 17 јуни 2018 година, во малото село Нивици (Псарадес) на брегот на Преспанското езеро од грчка страна.
Го потпишаа тогашните министри за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас, а во присуство на тогашните премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас, посредникот во преговорите Метју Нимиц, поранешниот еврокомесар за проширување Јоханес Хан, поранешната висока претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и други високи меѓународни претставници, како и претставници на двете земји.
Договорот официјално стапи на сила на 12 февруари 2019 година. Со новото име, Северна Македонија стана 30-та членка на НАТО, а од ЕУ стасаа честитки и најави дека со тоа се решени сите пречки и “многу скоро почнуваат преговорите за членство сво ЕУ...“. Денес сме 2025, преговорите не се ни започнати.
Тогашниот претседател Ѓорѓе Иванов реши да не го потпише Указот за Преспанскиот договор, што значи дека без потпис на претседателот тој нема правна важност. Законот за Преспанскиот договор и указот за негово прогласување кој во „Службен весник“ беше објавен без потписот на тогашниот претседател Ѓорге Иванов.

Уставен во септември 2023-та пресуди за Преспанскиот договор - одлучи да не поведе постапка за Законот за ратификација и ја отфрли иницијативата за Указот без потписот на Иванов. Го легализираше, а со Уставниот суд председаваше судијката Добрила Кацарска. Таа изјавиЧ
Иванов бил должен да го потпише Указот кога Законот бил усвоен по втор пат од Собранието. Уставниот суд, како што наведе претседателката, цени дека тој не содржи правни норми, не е пропис, туку е дел од процедура!
Македонија го промени уставното име, личните карти, пасошите, регистарските таблици, имињата на министерства и инстуциите, автопатот, додека Грција сеуште ги нема променето ниту сообраќајните знаци со новото име на државата, сеуште стојат старите со Фиром и Скопиа, а не се ратифукувани и три меморандуми за соработка.
Голем дел од потенцијалот на договорот останаа неискористени велат експертите ,а дополнителното вето од Бугарија го подгреа скептицизмот кај граѓаните кои се прашуваат дали залудно го сменивме уставното име што, потоа, отвори врата и за бугарското вето!?
Критикуван, оспоруван и неприфатлив за многумина, договорот последнава година се спомнува и како потенцијален модел за уставни измени со одложено дејство за надминување на спорот со Бугарија и деблоакда на патот кон ЕУ.
,,Го потпишавме во вистинско време инаку ќе бевме под притисок да го прифатиме уставното име на соседната земја" рече во една прилика поранешниот премиер на Грција Алексис Ципрас во чиј мандат се потпиша договорот.
,,Не само што беше вистинското време туку ако не го потпишевме договорот тогаш работите можеа да „скиснат“, не само да созреат. Без оглед кој е на власт ќе бевме под притисок да го прифатиме уставното име на соседната земја- изјави Ципрас.
За Грција преспанскиот договор, и според Ципрас, бил “последна шанса“ да го наметнат своето решение. За Македонија тој е “испуштена шанса“ и да се задржи уставното име, и да се врзе промената на уставното име со влез во ЕУ.

Денеска, седум години подоцна поранешниот премиер Зоран Заев до Ципрас во честитката изрази благодарност и среќа за постигнатото долгогодишно пријателството преку договорот. Ципрас и Заев пријателството го зацврстија, но Македонија ја плаќа цената на нивното лично “пријателство“.
“Приајтелски“ владата на Заев и Ахмети дури сама си зададе кратки рокови како на пример, 4 месеци по стапувањето на Преспанскиот договор во сила да започне со издавање на нови регистарски таблички со ознака „НМК“ и да започне со издавање на пасоши со новото име кон крајот на 2019 година.
Македонската јавност, во доминантно мнозинтво од околу 80% смета дека договорот од Преспа е прескапа цена, приватна политика на СДСМ за да добие власт без изибор и да се одржи во власта потоа, дека е закана за идентитетот на Македонците и целосно реализиран и пред Грција да ги спроведе своите обврски, и пред Македонија не отпочне и заврши преговори за ЕУ.
Договорот од Преспа СДСМ и ДУИ го промовираа како причина за отпочнување преговори со ЕУ, и влез во Унијата. Три пати дури и официјлано се најавуаше дека “преговорите за ЕУ“ се почнати. Но, Македонија даде се што имаше во таа дипломатска игра на трикови, а од Грција и ЕУ досега доби - ништо. Освен нови ветувања, секако.
И по седум години од потпишувањето на Договорот од Преспа помеѓу Македонија и Грција, со кој нашата земја си го смени уставното име, јужниот сосед се уште не си ги спровел сите обврски, за разлика од македонската страна која ги спроведи речиси сите.
Грција се уште не ги сменила ни сообраќајните знаци на кои се уште стои име на земја која не постои, а единствениот знак кој го сменила е тој на кој пишувало Скопиа (како што се уште не викаат многу грчки граѓани, но и политичари) во Скопје.
Објаснувањето на грчките власти е дека локалните не сакале да ги сменат знаците. Грција се уште ги нема имплементирано и трите меморандуми за соработка помеѓу двете земји потпишани во 2019 година, а за првпат доставени во грчкиот Парламент за гласање во септември 2020 година.
Оправдувањето за тоа на актуелната власт е дека ќе го направиле тоа кога ќе процениле дека е во нивни национален интерес.
Не функционира ни Советот за соработка на високо ниво предводен од премиерите на двете земји кој требаше да се состануваат најмалку еднаш годишно, а тој Совет да биде надлежно тело за правилно и делотворно спроведување на Договорот и Акцискиот план кој ќе произлезе од истата.
До сега исто така се има одржано само една меѓувладина седница помеѓу двете земји, во Скопје во април 2019 година, а на втората требаше домаќин да биде Грција.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата