logo
logo
logo

ЈАНЕ ЧЕНТО ЌЕ ЈА ТУЖИ ОБВИНТЕЛКАТА ВИЛМА РУСКОСКА за дејствија поврзани со 27. април

Vecer | 26.04.2026

ЈАНЕ ЧЕНТО ЌЕ ЈА ТУЖИ ОБВИНТЕЛКАТА ВИЛМА РУСКОСКА за дејствија поврзани со 27. април

Јане Ченто за утре најави нформации за поднесување кривична пријава против поранешен јавен обвинител и ќе бидат изнесени детали и аргументи поврзани со постапката за настаните од 27 април. Според иницијалите што ги споменува, станува збор за обвинителката Вилма Рускоска.

-Време е за вистинска правда и вистината за 27 април. Ве покануваме да присуствувате на прес-конференција која ќе се одржи на 27 април 2026 година во 12 часот пред Основното јавно обвинителство. На прес-конференцијата ќе бидат споделени информации за поднесување кривична пријава против поранешен јавен обвинител со иницијали В.Р. и ќе бидат изнесени детали и аргументи поврзани со постапката – се наведува во најавата.

Во најавата Ченто наведува дека ова претставува почеток на процес за утврдување одговорност и расчистување на сите околности поврзани со судскиот процес за 27 април.

-Во име на опфатените со судскиот процес изјава за медиумите ќе даде Јане Ченто, се вели во најавата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk