logo
logo
logo

Девојчето прегазено на булеварот „Србија“ има тешки повреди

Vecer | 07.12.2023

Девојчето прегазено на булеварот „Србија“ има тешки повреди

Констатирани се тешки телесни повреди кај малолетното девојче кое вечерва беше удрено од воизло кај бензинската пумпа „Лукоил“, на булевар „Србија“ во Општина Аеродром, соопшти Министерството за внатрешни работи.

На 07.12.2023 во 16.25 часот на бул.„Србија” спроти бензинска пумпа патничко возило „пасат” со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Л. удрило во малолетен пешак. Во несреќата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза”, каде била пренесена за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Оттаму исто така велат дека продолжува увидот од страна на екипа на СВР Скопје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk