Пациентот А.Ц. роден 1950 година, хоспитализиран на интензивна нега во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, кој изутрината скокнал од прозорец од првиот спрат бил во тешка здравствена состојба и под психијатриска контрола и опсервација.
Ова го соопштија од болницата од каде посочуваат дека и покрај сите преземени мерки пациентот скокнал од прозорец.
- И покрај преземените реанимациски постапки од дежурната екипа во 7: 30 часот е констатирана смрт. Известени се сите надлежни институции, Министерство за здравство, МВР, јавен обвинител и Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Направен е увид на лице место, телото е предадено на обдукција, а ДСЗИ врши вонреден инспекциски надзор, стои во соопштението.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата